Сега е веќе јасно: Мурињо проговори за трансферот на Нејмар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, вели дека трансферот на Нејмар е „невозможна мисија“, најмногу поради тоа што Барселона нема да сака да се откаже од Бразилецот.

На почетокот на неделата каталонскиот весник „Спорт“ објави дека Манчестер Јунајтед втора година по ред е подготвен да го собори трансфер рекордот, односно по Пол Погба, на „Олд Трафорд“ да го донесе Нејмар за 200 милиони евра.

„Секогаш се обидувам да бидам објективен во преговорите со другите клубови, прашувам кој фудбалер би можел да го добијам. Трансферот на Нејмар е апсурден, клуб каков што е Барселона нема да го пушти. Во Барселона само Меси е подобар од него, млад е и ќе се обидат да го задржат што е можно подолго. Тоа е исто како кога се обидувате да искршите сеф, едноставно невозможно“, изјави Мурињо.

Нејмар пред неколку месеци потпиша нов договор со Барселона до 2021 година, во кој е вметната откупна клаузула од 200 милиони евра. Според каталонскиот весник „Спорт“, Јунајтед е подогтвен да ја активира клаузулата, а на Нејмар да му понуди годишна плата од 25 милиони евра.