Home Спорт Сега е јасно: Јувентус го продава Игуаин, одредена и цената

Сега е јасно: Јувентус го продава Игуаин, одредена и цената

Италијанските медиуми со голема сигурност тврдат дека Јувентус го ставил Гиназало Игуаин на трансфер листа.

Веќе неколку дена на Апенините се шпекулираше за евентуалното заминување на Аргентинецот, а вчера веста не ја демантираше ни потпретседателот Павел Недвед.

Денес „Тутоспорт“, весник близок до Јувентус, на својата насловна страна потврди дека Игуаин е на продажба, притоа ја откри и цената за која „бјанконерите“ се спремни да го пуштат напаѓачот.

Имено, „старата дама“ е подготвена да се раздели со искусниот напаѓач ако за него добијат понуда од 55 до 60 милиони евра.

Целта на италијанскиот шампион е да го подмладат нападот со оглед на фактот што Игуаин има 30 години, па како негова замена сакаат да го донесат Мората или Марсијал.

Најсилен интерес за напаѓачот покажува Челзи, но не се исклучува и негов трансфер во ПСЖ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…