Сефте за Deja Vu на Шакира и Принц Ројс – еве го официјалниот спот (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот кантавтор Принц Ројс ја промовира песната Deja Vu, која ја сними во дует со популарната пејачка Шакира.

Песната ќе се најде на новиот албум на Принц Ројс наречен Five, кој музичарот официјално ќе го промовира в петок. Тој изјави дека Deja Vu не е со толку брз ритам како „Шантаж“, но дека е подеднакво заводлива.

Воедно најавен е и спот за оваа нумера кој ќе биде снимен во Барселона, под режисерската палка на Шпанецот, Жауме де Лагуан.

Deja Vu е четвртиот промовиран сингл од новиот петти студиски албум на Принц Рој, во чие снимање му помогнаа и Факуро, Зендеја и Крис Браун.