Home Спорт Седлоски денес ќе го одработи првиот тренинг со Широки Брег

Седлоски денес ќе го одработи првиот тренинг со Широки Брег

Македонскиот стратег Гоце Седлоски денес ќе го одработи првиот тренинг на кормилото на Широки Брег, пренесуваат босанските медиуми.

Поранешниот капитен на македонската репрезентација пред неколку дена беше именуван за нов тренер на босанскиот прволигаш, меѓутоа денес и официјално ќе ја преземе должноста и ќе го одработи првиот тренинг.

Седлоски веднаш ќе започне со припрема за големото дерби против Зрински, кое ќе се одигра веднаш после репрезентативната пауза, поточно на 15-ти септември во Мостар.

Македонскиот стратег веќе имаше прилика да го гледа својот нов тим минатиот викенд, кога Широки Брег беше поразен од Железничар со 3:0.

Седлоски со босанскиот клуб потпиша двегодишен договор, а финансиските детали не се познати.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…