Сеад Кочан и Авировиќ утре повикани на распит во Кривичен суд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кривичниот суд им испратил покани за распит на осомничените за случајот што го отвори Специјалното јавно обвинителство под кодно име Труст, а предметите се распоредени кај судии на преходна постапка, пренесува НоваТВ по изјава за нив од судот.

НоваТВ од извори во Судот дознава дека осомничените Сеад Кочан, сопственик на Транс мет и Василије Авировиќ, овластен потписник на Силекс неметали СТ, утре ќе се појават во судот, при што судии на претходна постапка ќе одлучуваат за барањето за притвор.

Специјалното јавно обвинителство побара мерка притвор за Кочан и Авировиќ по сите три основи: опасност од бегство, можност за повторување на постапката и влијание врз сведоци.

Според законот, откако осомничените ќе дадат изјава во Судот, судијата има рок од 12 часа да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на СЈО за притвор.

Во случај судијата на претходна постапка да ги одбие барањата на СЈО и да не им одреди притвор на осомничените, Специјалното јавно обвинителство има право во рок од 24 часа да поднесе жалба до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје, кој пак има рок од 48 часа да одлучи по жалбата. Доколку и советот ја одбие желбата, нивната одлука во тој случај се смета за второстепена, односно конечна. Во спротивно, доколку ја прифати или, пак, одреди други мерки за обезбедување на присуство на осомничените, тие имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Сеад Кочан, Василијие Авировиќ и Сафет Ватиќ се осомничени дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била Транс мет.