Актуелно

Се зголемуваат цените на бензините

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V), екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.07.2021 година.

Од 13.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС -98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,719 (денари/килограм)

To Top