Актуелно

Воз удри во мигранти кај Криволак, едниот од нив починал

Товарен воз удри во мигранти пред железничката станица Криволак, а едниот од нив починал на пат кон болница.

Според информациите на МВР, ноќеска во 00,40 часот било пријавено дека на пругата Гевгелија-Скопје во близина пред железничка станица Криволак, во железничка несреќа биле повредени мигранти, а едно лице од здобиените повреди починало на пат кон болница.

Со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а со телесни повреди се здобиле три лица, констатирани во болниците во Велес, Неготино и Кавадарци. Неповредените шест мигранти биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

To Top