Се вери бившата од принцот Хари – актерката која не сакаше да стане кралска снаа

Бившата девојка на принцот Хари, Кресида Бонас, се вери со Хари Вентворт-Стенли, син на маркизот Милфорд Хејвн.

Актерката во која принцот Хари беше вљубен до уши и која беше спремен да ја запроси и направи своја сопруга, не сакаше да биде опструирана од страна на кралското семејство. Кресида од својот вереник доби прилично интересен веренички прстен кој се најде на нејзиниот прст.

Кресида и Вентворт-Стенли, инаку агент за недвижнини, беа во врска и пред Бонас да го запознае принцот Хари. Откако нивната врска пропадна, Кресида повторно ја обнови врската со „стариот“ Хари.

Стенли се пофали за свршувачката на неговиот Инстаграм профил, каде сподели фотографија на која се гледа интересниот и нестандарден веренички прстен кој Кресида го добила од него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harry Wentworth-Stanley (@harrywent) on

„Не е тоа поради тоа што нивната врска не штима. Тоа е поради тоа што Кресида е премногу слободен дух за да биде среќна во кралското семејство. Многумина се загрижени дека нема да може да се прилагоди на тој животен стил. Тоа може да биде премногу за неа, тешко може да живее по протокол, а тоа може да им донесе проблеми на сите“, изјави своевремено извор близок на актерката и принцот Хари за нивното раскинување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cressida Bonas (@cressida_bonas_) on

Бонас остана блиска со кралското семејство, па дури присуствуваше и на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари.