Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таткото на Нејмар за прв пат јавно прогвори за трансферот на неговиот син во ПСЖ кој крена голема прашина.
Нејмар ова лето за 222 милиони евра премина во ПСЖ и стана најскапиот фудбалер во историјата, а медумите го означија неговиот татко како најголем „виновник“ за тоа што ја напушти Барселона.
„Јас сакав да го предомислам до последен момент. Му реков дека најдобро е да остане во Барселона, но тој сакаше да замине. Тоа беше навистина тежок период, но Нејмар инсистираше на тој предизвик и јас го поддржав“, објаснува таткото на Нејмар кој воедно е и негов менаџер.
„Сите бевме горди кога Нејмар беше претставен. Да се види неговиот лик на Ајфеловата кула беше неверојатно. Него навистина му се допаѓа Париз“, додаде Нејмар Сениор.
„Неговиот мотив е да му помогне на клубот да ја освои Лигата на шампиони. Ако треба да ја освои Златната топка, ќе ја освои, но тоа не му е главната цел. Доколку го сакаше тоа, можеше да ја освои и во Барселона. Потпиша на пет години, па има толку време да ја освои Лигата на шампиони со ПСЖ“, заклучи таткото на најскапиот фудбалер.