Кеното како интересен начин за коцкање

Кеното

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кеното претставува еден вид на лотарија т.е игра на среќа во која се извлекуваат 20 броеви од вкупно 80. Извлекувањата може да започнуваат последователно или пак со паузи. Па доколку е со паузи најчесто се извлекува само 2-3 пати дневно. Во казината најчесто ќе сретнете последователно извлекување. Тоа значи дека по завршувањето на играта, по 2-3 минути започнува нова, и така во низа. Кеното може да го играте и во онлајн казината, предноста тука е во следните неколку работи:

  • Не сте ограничени кога, каде и колку ќе играте
  • Избегнувате влијание на други играчи
  • Играте од кое било место
  • Може да најдете добри бонуси кои се нудат во онлајн казината
  • Поради државната регулатива, бидете сигурни дека провизијата е реална

Кеното

Кеното како игра ви нуди брза исплата на добивките

Резултатот е достапен одма после извлекувањето, и вие може да си ја подигнете добивката. Исплатата најчесто се врши одма, на некои многу големи добивки можеби ќе треба да почекате да се процесира. Но во 99% од случаите добивката ви се исплаќа одма. Кај онлајн казината дури и за големите добивки не треба да чекате процесирања и слично. Тоа е една голема предност, доколку играте со некоја стратегија на бројки.

Карактеристики на оваа игра на среќа

Кеното има специфични играчи, не секој кој се коцка игра Кено. Оние кои ја избираат оваа игра тврдат дека таа на некој начин им претставува предизвик. Исто така привлечни се и големите коефициенти, а со тоа и добивките се големи. Кај оваа игра влогот и броевите ги бирате сами, не се работи за понудени комбинации. Евентуалната добивка ја знаете пред време, т.е колку ќе добиете споредбено со влогот. Карактеристично за оваа игра е што добивате и кога ќе ги промашите сите броеви. Тоа е случај кај Кеното, доколку не погодите ни еден број во игрите Кено 6, 7, 8, 9 и 10 влогот ви се враќа. Па така ќе може да изиграте уште една „рунда“ и со малку среќа ќе остварите големи добивки.