Се огласи и Марадона: Немаше пенал за Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеналот кој судијата Мајкл Оливер му го досуди на Реал Мадрид во 93-та минута против Јувентус крена голема прашина и го подели фудбалскиот свет.

Некои сметаат дека одлуката на Оливер беше исправна, а некои сметаат дека со тоа драстично бил оштетен Јувентус.

Свое мислење на оваа тема, не можеше, а да не даде и еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона.

„Не не, немаше пенал. Кога Роналдо ја удри топката со глава, Лукас се фрли кон неа, бидејќи беше точно до Буфон, а Бенатиа идеше од зад него. Го направи истото што би го направил и јас. Ја искористи шансата да се фрли кон топката“, категиричен е Марадона.

Аргентинецот во кариерата настапуваше за Барселона и Наполи, глемите ривали на Реал Мадрид и Јувентус, па поради тоа неговите зборови можат да се сватат како непристрасни.