Се обложувал еднаш годишно: Англичанец за 2 евра ќари 215.000 евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англичанец кој имал навика само еднаш годишно да оди во обложувалница и да е обложува за ситни пари, деновиве за само 2 евра освои вртоглава добивка од 215.000 евра.

Англичанецот кој ги замолил медиумите неговиот идентитет да остане анонимен, добивката во обложувалница ја освоил на коњички трки, пренесува BBC.

Во играта „Tote Placepot“ играчот треба да одбере по едно грло од шест трки. Добивката е можна само доколку твоите одбрани коњи завршат помеѓу првите три места во своите трки.

Во сите овие трки се случиле големи изненадувања па така од шест изразени фаворити само еден победил, а само три завршиле меѓу првите три места во своите трки.

Среќникот од Британија бил единствен кој погодил шест грла кои ќе имаат високи пласмани, па на него му припаднал целиот награден фонд или поточно 182.567,8 фунти, односно 214.239,65 евра.

„Мојата ќерка наскоро ќе се запишува на факултет, мојот син планира да оди на одмор, така што оваа добивка ќе ни помогне многу. Мислам дека син ми ќе добие првокласен одмор“, кажа среќниот добитник.