Саул Нигез „зеде решение“ во Атлетико – договор до 2026 година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Три недели откако првата ѕвезда Антоан Гризман го продолжи договорот до 2021 година, денес Мадриѓаните долгорочно го „врзаа“ Саул Нигез до 2026 година.

Да, точно прочитавте, 2026 година! Младата ѕвезда која блесна на Европското првенство за играчи до 21 година, Саул Нигез денес потпиша нов 8-годишен договор.

Ова е веројатно најдолгорочниот договор некогаш виден во фудбалскиот свет, а во него Атлетико Мадрид стави и откупна клаузула.

Имено, актуелниот договор на Саул истекуваше во 2021 година и во него имаше откупна клаузула од 80 милиони евра, а со новиот договор, покрај подобри финансиски услови, се зголемуте и откупната клаузула на 100 милиони евра.

„Многу сум среќен. Атлетико е моето семејство и во овој момент за мене нема подобро место од ова. Како и до сега, ќе се трудам да работам и да ја оправдам довербата на тренерот и раководството“, изјави Саул Нигез.