Саудискиот принц нуди „луда“ сума за да го купи Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Принцот од Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман сака да стане сопственик на англискиот гигант Манчестер Јунајтед и понуди вртоглава сума на пари.

Англиските медиуми пренесуваат дека Бил Салман за да ја преземе контролата над „црвените ѓаволи“ е спремен да плати неверојатни 4,5 милијарди евра.

Сепак, неговите намери ќе бидат тешко реализирани ако му се верува на потпретседателот на клубот, Ед Вудвард.

„Како што знам, фамилијата Глејзер нема намера да го продаде клубот. Неодамна истакнаа одредени долгорочни планови и колку што јас знам, не постои нова конкретна понуда за некој да го откупи Манчестер Јунајтед“, изјави Вудвард.

Познато е дека до сега саудискиот принц веќе нудеше одредена сума на пари за да го откупи тимот од Олд Трафорд, се работеше за цифра од 3 милијарди евра, но меѓутоа таа беше глатко одбиена.
Заради тоа, Бин Салман значително ја зголеми својата понуда, а сега преостанува да видеме како ќе реагира фамилијата Глејзер која моментално е сопственик на „црвените ѓаволи“.