Саудиски принц на лице место ја купил јахтата од руски олигарх и го одма го избркал од бродот


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Саудиски принц ја купил луксузната јахта од руски олигарх за 550 милиони долари и во истиот миг го избркал веќе бишвиот газда од бродот.

Името на саудискиот принц не е официјално објавено, но Daily Mail пренесува дека станува збор за принцот Мухамед бин Салман. Принцот се одморал во Франција кога за око му запнала луксузната јахта Serene долга околу 134 метри.

На Русинот Јуриј Шефлер на лице место му понудил 550 милиони долари за неа и веднаш после купопродажбата го натерал да ја напушти јахтата. Своевремено оваа јахта беше една од најскапите на светот, а пред две години на неа се одмораше Бил Гејтс со семејството.

Има 15 спални соби, ноќен клуб, кино, вештачка карпа за качување, базен, библиотека, велнес центар, теретана, џакузи и просторија од каде патниците можат да го набљудуваат морскиот свет под нив. На јахтата може да слета и хеликоптер, а со неа следува и посебен хангар за летало како и хангар за подморница.