Дали Хитлер сам си ја напишал биографијата во која е споредуван со Исус?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првата биографија за германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер од 1923 година, во која тој е претставен како „спасител на Германија“ и споредуван со Исус Христос, изгледа е напишана од самиот диктатор, тврди шкотскиот историчар Томас Вебер.

Станува збор за книгата „Адолф Хитлер – живот и зборови“, првата позначајна биографија на Хитлер, чиј автор е означен со името Виктор фон Корбер.

Вебер од Универзитетот во Абердин објави документи, чувани во јужноафрикански архиви, кои покажуваат дека книгата „речиси со сигурност е напишана од самиот Хитлер како бесрамна, но итра самореклама“.

21-10-hitler-biografija

Тој додава дека во книгата влегувањето на Хитлер во политиката се споредува со Христовото воскресение и содржи термини како светец и спасение.

Вебер изјави дека ги открил архивите, додека ги проучувал оние на Виктор фон Корбер, официјален автор на биографијата во универзитет во Јоханесбург, пишувајќи нова книга за Хитлер.

Тие содржеле писмено признание дадено под заклетва на сопругата на издавачот дека Фон Корбер не ја напишал книгата и оти Хитлер му дал задача на свој близок генерал да пронајде конзервативен писател, кој нема да биде поврзан со нацизмот и под чие име таа ќе излезе.