Сари му ја отвори излезната врата на Куртоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После вчерашниот пораз од Манчестер Сити во Суперкупот, тренерот на Челзи, Маурицио Сари потврди дека голманот Куртоа може да замине од „Стенфорд Бриџ“.

Од ден на ден се погласни се шпекулациите дека Куртоа сака да го напушти Лондон, а тоа го потврди и неговиот агент Кристоф Хенротаи. Агентот на Белгиецот откри дека голманот сака да направи трансфер во Реал Мадрид, а главниот мотив е неговата ќерка која живее во Шпанија.

Сари вчера му ја отвори излезната врата на Куртоа изјавувајќи дека него му се потребни мотивирани фудбалери и доколку сака може да си оди.

„Јас сакам да поразговарам со Тибо, сакам да го слушнам. Ако го повтори истото што го кажа неговиот агент, тогаш ќе имаме сериозен разговор. Сакам фудбалери кои се со висок степен на мотивација, Во случај да е незадоволен, слободно може да ми каже и веднаш ќе разговарам со управата“, изјави Сари.

Медимите на Островот пренесуваат дека Куртоа е на чекор од трансфер во Реал Мадрид, а како негов наследник се споменува миленикот на Сари, Пепе Реина.