Сам си направил дома Ferrari на ракетен погон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ентузијастот Рајан МекКвин потрошил повеќе од една деценија и скоро 100.000 американски долари за во својата домашна гаража да си направи ракетна верзија на Ferrari Enzo.

МекКвин за порталот „Drive“ изјави дека Google и YouTube биле негови најдобри пријатели во текот на многу години додека работел на создавање автомобил наречен Insanity.

„Ми требаа вкупно 14 години да го направам автомобилот затоа што постепено морав да ги совладам потребните вештини во процесот“, објасни МекКвин.

Резултатите од оваа активност за самоуки зборуваат сами за себе, бидејќи тој стана горд дизајнер и сопственик на ѕвер со мотор, со дури 18.000 коњски сили, за што се одговорни два мотори на Rolls Royce Viper. Овие мотори, конструирани во 1950-тите години, се користат во бројни експериментални авиони од страна на британските и американските воздушни сили.

При дизајнирање на каросеријата на овој необичен автомобил, Меквин применил специјална техника. Имено, тој користел далечински управуван автомобил, кој што првично го демонтирал во 26 внимателно измерени делови. Потоа, со помош на проектор, го зголемил секое парче до десет пати за да исече панели од иверица во таков калап, кој пред склопување го наполнил со екструдиран полистирен.

Во описот се вели дека автомобилот, кога е целосно составен , може да развие максимална брзина од околу 650 км на час.

Меѓутоа, кога ќе си поставите задача да направите еден вид чудовиште на четири тркала како ова, работите не одат баш непречено. Така, на првиот тест за палење, еден од двата стартери што предизвикува „жежок старт“ и високи трошоци за поправка , откажал.

МекКвин е оптимист и покрај тешкотиите што го придружуваат во овој потфат, верува дека возилото ќе може да го помине првиот возачки тест во текот на пролетта, но со помала брзина. Ако тестот е успешен, возилото ќе се врати во работилницата и ќе биде подложено на целосна дијагностика пред да се тестира за поголема брзина.

Плановите на Меквин со ова возило вклучуваат трки и изложби.

И додека завршува неговата долгогодишна работа, МекКвин верува дека проектот финансиски не го чинел премногу.

„Ако сметате дека резултатот е сила од 18.000 коњски сили на Ferrari Enzo и потекнува од гаража, сумата од нешто повеќе од 90 000 долари и не е толку голема“, заклучува тој.