Home Вебкафе Сака да го спаси светот и за тоа му требаат само 200.000 австралиски долари

Сака да го спаси светот и за тоа му требаат само 200.000 австралиски долари

Стивен Хауарт сака да го спаси светот од неминовна катаклизма и оценува дека за тоа му се потребни околу 200.000 австралиски долари.

Хауарт, во рамки на програмата „Астероид шилд“ сака да направи прва подвижна опсерваторија во Австралија, со која планира да крстосува по континентот во потрага по астероиди кои се на пат кон нашата планета.

Како и повеќето денешни креативци, покрена онлајн кампања за собирање средства, при што од јавноста бара само 200.000 австралиски долари. До сега собрани се само сто.

Сепак, тоа не го обесхрабрува во намерата да набави голем телескоп, да го намести во приколка на камион мерцедес унимог и да го следи небото од разни агли за да може на време да го види потенцијалниот опасен астерод.

– Нашата земја е најпогодна за следење на небото и воочување на такви објекти, смета Хауарт.

Покрај тоа што ја спасува планетата од астероиди, Хауарт се надева и дека со помош на телескопот на тркала на учениците ќе им ја доближи астрономијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…