Home Спорт Сагата е завршена: Челзи го пушта Азар во Реал Мадрид!

Сагата е завршена: Челзи го пушта Азар во Реал Мадрид!

Раководството на Челзи е спремно следното лето да го пушти својот најдобар фудбалер Еден Азар во Реал Мадрид, пренесуваат англиските медиуми.

Како што пренесува британски „Телеграф“, Челзи се согласил да го продаде Белгиецот и тоа за цена од 100 милиони фунти.

28-годишниот Азар одби да го продолжи договорот и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Челзи едноставно е ставен пред „свршен чин“.

Азар веќе подолго време е желба на Реал Мадрид, кој нема да има проблем да ги плати бараните 100 милиони фунти за неговиот потпис.

Истата ситуација ова лето се случи и со Тибо Куртоа, кога Челзи мораше да ја прифати понудата на „кралевите“ за да не го изгуби голманот без обештетување.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…