Home Актуелно САД се на работ на граѓанска војна

САД се на работ на граѓанска војна

Смртта на Афроамериканскиот граѓанин на САД, Џорџ Флојд, кој почина како последица на полициската бруталност при негово апсење, предизвика лавина од масовни протести, немири и револт низ САД, проследени со деструктивно однесување на граѓаните.

Покрај првичните демонстрации на лутите граѓани во Минеаполис, Минесота, каде веќе е распоредена Националната гарда и воведен е полициски час, илјадници луѓе излегоа на улиците во Чикаго, Детроит, Лос Анџелес, Кентаки, Вашингтон, Атланта, Денвер. Колумбос, Мемфис, Њујорк, објави Ројтерс.

Белата куќа дури на кратко била блокирана, опкружена со демонстранти кои извикувале „Нема мир без правда“, а ситуацијата била на работ на конфликтот кога полицијата се заканила со употреба на солзавец.

Голем број демонстранти се собраа и во Бруклин, а Ројтерс јавува дека луѓето биле уапсени.

Во неколку наврати, протестите во Атланта излегле од контрола и станале насилни и хаотични, а СНН објави дека избувнал голем пожар недалеку од главниот комплекс на оваа медиумска куќа.

Прозорците на зградата на CNN биле искршени, а полицијата едвај успеала да ги спречи демонстрантите да влезат во телевизијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …