Home Актуелно САД отворено кон Русија: Нашите воени носачи „носат 100.000 тони дипломатија“

САД отворено кон Русија: Нашите воени носачи „носат 100.000 тони дипломатија“

Џон Хантсман американскиот амбасадор во Русија, им порача на руските власти дека американската воена флота која плови во Средоземното Море, составена од воени носачи на авиони, „со себе носи 100.000 тони дипломатија“ која треба да биде сигнал кој сериозно ќе се сфати од официјална Москва.

„Дипломатските врски и дијалогот заедно со моќните одбранбени системи на тие авиони и покажуваат на Русија дека доколку сакаат да воспостават подобри односи со САД, мора да ја прекинат сопствената дестабилизирачка активност ширум светот“ – изјавил тој.

Според неговите зборови, секој носач на авион во Медитеранот претставува 100.000 тони меѓународна дипломатија“.

Две групации на американската флота, предводени од носачите на авиони „Абрахам Линколн“ и „УСС Џон Стенис“, пристигнале во Средоземното Море, за да учествуваат во воените вежби.

Покрај носачите на авиони на кои ќе бидат распоредени 130 авиони, во Медитеранот впловија и 10 други бродови.

На нив се распоредени вкупно 9.000 морнари и маринци.

Од друга страна, рускиот министер за одбрана на Сергеј Шојгу изјави дека Москва ќе преземе мерки за да одговори на чекорите кои НАТО ги презема во близина на руската граница.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…