Home Актуелно САД ја надминаа Италија според статистичките податоци за починати од коронавирус

САД ја надминаа Италија според статистичките податоци за починати од коронавирус

Со денешното надминување на бројката од 19.600 починати како последица на епидемијата на коронавирусот, САД моментално има највисок црн биланс за смртност од овој вирус во светот. Индикациите се дека епидемијата таму е блиску до својот врв.

Италија е втора со 19.468 смртни случаи, а Шпанија трета со 16.353 лица починати од Ковид-19.

Сепак, во САД живеат пет пати повеќе луѓе отколку во Италија и седум пати повеќе од Шпанија, потсетува агенцијата. Америка четврти ден по ред бележи околу 2.000 смртни случаи.

Во Италија во последните 24 часа починаа 619 луѓе, а 4.694 се новозаразени. Само во Ломбардија, најпогодениот регион, починаа 273 лица, а зразени се нови 1.544 луѓе.

Вчера бројот на починати во Италија беше 570, а еден ден претходно 610.

Италијанската влада вчера до 3 мај ги продолжи вонредните мерки воведени пред еден месец за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според најновите податоци, во светот има 1,6 милиони заразени и 103.000 мртви како последица на Ковид-19.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…