Руски војник во Бахмут се предава на украинско беспилотно летало во моментот пред да биде убиен – животот му беше поштеден (снимка)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Украинските воени сили му го поштедиле животот на руски војник кога тој се предал на беспилотно летало на бојното поле само неколку моменти пред неговите оператори да му испратат команда на леталото да го убие, потврди украински командант за Си-Ен-Ен.

Снимките со беспилотни летала од единицата на 92-та механизирана бригада на Украина, објавени од Волстрит журнал, покажуваат дека предавањето се одвивало во ров во источниот град Бахмут во мај.

Во изјава за Си-Ен-Ен, Јури Федоренко, командант на дивизијата за јуришни беспилотни летала на 92-та бригада, потврди дека предавањето се случило.

„Кога сфати дека ќе умре, го фрли автоматот настрана, ги крена рацете и рече дека повеќе нема да се бори“, рече Федоренко. „Во тоа време имавме спремни експлозиви да го елиминираме. Но бидејќи непријателот го фрли оружјето и покажа дека ќе се предаде, беше одлучено да му се даде наредба да се предаде“, додаде тој.

На видеото се гледа како руски војник бега од украинските јуришни летала во рововите на бојното поле Бахмут. Војникот потоа застанува и се обидува да комуницира со дронот со гестови на рацете. Волстрит журнал објави дека се работи за Руслан Анитин. Пред да се предаде, со часови трчаше во ровот.