Руска студија препорачува: Инвестирајте во лего коцки, не во злато и уметнички дела – поисплатливо е


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Инвестирањето во лего коцки е поисплатливо од вложување во злато, уметнички дела и вино, покажа едно аналитичко истражување направено од Високата школа за економија во Русија.

Утврдено е дека пазарот на употребувани лего коцки расте за 11 отсто годишно, што е побрза и подобрастапка на поврат од злато, акции, обврзници, филателистички марки и вина.

Истражувачи на Високата школа за економија во Русија велат дека за да остварите висока добивка од вложувања во необични производи чие купување може да изгледа малку несериозно, мислејќи при тоа на лего сетови, барбики, мини фигури од суперхеори или модели на автомобили и возови.

„Навикнавме да мислиме дека луѓето купуваат предмети како анкит, антиквитети или уметнички дела како влог. Но, постојат и други опции како колекционерски играчки. Десетици илјади размени се случуваат на секундарниот лего пазар. Дури и земајќи ги во предвид ниските цени ка комплетите, ова е огромен пазар кој традиционалните инвеститори не го познаваат баш добро“, вели Викторија ДОбринскаја, вонредна професорка на Високата школа.

Најскапи сетови се Millennium Falcon, Death Star II и Imperial Star Destroyer од Војна на ѕвездите, како и Таџ Махалi. Студијата која проучувала цени на 2.322 различни сетови лего комплети од 1987 до 2015 година, покажува дека фактори како ограничено производство и немање делови на секундарниот пазар значително ги зголемуваат цените во текот на годините. Се проучувала продажбата само на нови неотворени комплети.

„Комплети прозиведени пред 20-30 години предизвикуваат носталгија кај обожувателите на лего коцки, а нивните цени неверојатно скокаат. Но, покрај големата исплатливост на лего сетовите на секунрадниот пазар воопшто, не сите комплети се еднакво успешни. Мора да бидете вистински обожувател на лего коцки за да ги препознаете нијансите на пазарот и да го видите потенцијалот за вложување во одреден сет“, вели Добринскаја за Гардијан.

Во ноември, „Лего“ најголемиот производител на играчки, на своите 20.000 вработени им додели по дополнителни три дена одмор и посебни бонуси откако извести за исклучителна година на приходи и заработка. Продажбата на лего коцките скокна во текот на карантините поради пандемијата од корона вирус.