Русија зароби три воени брода на Украина – еве ги деталите и позадината за овој инцидент (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Russia Today објавни снимка од крајбрежната стража во Крим каде руската федерална служба за безбедност ги зароби трите брота од украинската воена морнарица.

Русија отвори оган и зароби три украински чамци во неделата, предизвикувајќи уште поголема ескалација на тензиите меѓу овие две соседни земји.

Веста ги оживеа сеќавањата за анексијата на Русија врз Крим, полуостровот на Црното Море претходно контролиран од Украина, и ја зголеми загриженоста во врска со територијалните амбиции на Русија.

Во центарот на спорот е стратешки важното Азовско Море, кое граничи со Украина, Крим и Русија и е поврзано со Црното Море со теснец на југ.

Што довело до ова?

Во 2014 година, во Украина избувна револуција во која се спротивставија проруските и проевропските сегменти на населението како одраз на внатрешните спорови околу тоа дали Украина треба да биде поблиску со нуклеарната суперсила на Исток или со демократската унија на Запад.

Набрзо руските војници ја преминаа границата со Крим, кој стана дел од Украина по распаѓањето на Советскиот Сојуз.

Наспроти тоа, проруските протести во источните региони на Украина станаа насилни. Меѓународните набљудувачи изјавија дека маскираните руски сили ги поддржуваат бунтовниците, но Русија негираше вмешаност.

Оттогаш војната во Источна Украина продолжи, што доведе до 10.000 смртни случаи и 1,7 милион раселени луѓе. И додека НАТО и западните влади ја осудија анексијата на Крим од страна на Русија, не направија речиси ништо за да ја спречат.

Што се случи во неделата?

Ситуацијата ескалира кога Русија блокираа двата украински воени чамци и еден брод да не пловат под новиот руски мост што го опфаќа Керчкиот Теснец, каналот што го поврзува Азовското Море со Црното Море на југ.

Нафтениот танкер беше ставен под мостот за да го блокира пристапот на украинските бродови. Еден руски брод од крајбрежната стража употребил оружје за да ги спречи бродовите да минат, а како што велат руските официјални лица, украинските бродови не реагирале на легалните и законските барања на бродовите и чамците на пограничната служба на ФСБ и на Црноморската флота веднаш да запрат, правејќи притоа опасни маневри. Шест Украинци биле повредени, 2 сериозно, додека 23 биле заробени. Во судирот биле вклучени руски хеликоптери и воени авиони.

Украина излезе со соопштение дека ги почитувале меѓународните поморски закони и договорот од 2003 година, кој наведува дека теснецот и Азовското Море се поделени територијални води.

Украинскиот претседател Петро Порошенко одговори со повик на воен кабинет, гласајќи за тоа дали да спроведе воена состојба, што ќе има ефект на суспендирање на изборите закажани за почетокот на наредната година, кога се очекува да ги изгуби.

Во неделата и вчера НАТО и западните земји издадоа дополнителни осуди на Русија во врска со употребената сила на мостот. Советот за безбедност на ОН повика итен состанок поради кризата.

Што се променило до 2014 година?

Кога Украина го контролираше Крим, имаше една страна од Керчкиот Теснец, додека Русија имаше друга. По анексијата на Крим, Русија ги контролира двете страни.

Во мај оваа година рускиот претседател Владимир Путин официјално го отвори мостот вреден 3,7 милијарди долари. А во последниве неколку месеци Русија почна да ги проверува украинските бродови што влегуваат или заминуваат од украинските пристаништа во Азовското Море, и покрај договорите што ги прогласуваат водите за заедничка територија.

Бидејќи се наближуваат украинските избори, кои се закажани за наредниот март, Русија би можела да избере да интервенира сега за да поттикне нестабилност. Украинските пратеници вчера изгласаа спроведување на воена состојба, што би можело да им даде муниција на политичките противници на Порошенко.