Роналдо распали по Тен Хаг и Руни на гостувањето кај Пирс Морган (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вистинска бура од реакции предизвика интервјуто на Роналдо кај Пирс Морган во кое отворено порача дека не го почитува Тен Хаг затоа што тој не го почитува него, меѓутоа зборуваше и за Вејн Руни.

Вејн Руни често пати знае да го критикува Роналдо во јавноста, а сега Португалецот му одговори.

„Не знам зошто Вејн ме критикува толку. Можеби бидејќи ја заврши кариерата, а јас уште играм на високо ниво. Нема да кажам дека изгледам подобро од него, иако е така“, изјави Роналдо.

„Се чувствувам изневерено, не само од тренерот туку и од уште двајца до тројца луѓе кои се во клубот. Можеби не треба да го кажувам ова, но луѓето секогаш треба да ја знаат вистината, се чувствувам изневерено, не само сега, туку и минатата сезона…”, гласеше изјавата за холандскиот стратег.

Медиумите на Островот пренесуваат дека во клубот не биле информирани за ваквото интервју на Роналдо и дознале кога дозна и целата јавност. Според првичните информации клубот по ова интервју сака да го казни Роналдо со еден милион фунти, но и да го раскине договорот.

Ниту фановите на Манчестер Јунајтед не се задоволни и не го оправдуваат потегот на Роналдо, за нив ова е циркус кој не смее да се случува во клуб како Манчестер Јунајтед, па и тие сакаат Роналдо да замине.