Роналдо од Ал-Наср ќе се врати во Реал Мадрид – но не како играч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По истекувањето на професионалниот договор со Ал-Наср, фудбалскиот ас Кристијано Роналдо ќе се врати во Реал Мадрид, пишуваат шпанските медиуми.

Договорот на Роналдо со клубот од Саудиска Арабија истекува на 30-ти јуни 2025 година и според него заработува околу 200 милиони евра годишно. Меѓутоа на стартот од неговиот ангажман започнаа шпекулации каде ќе ја продолжи кариерата.

Шпанските медиуми сега пренесуваат дека Роналдо договорил враќање во Реал Мадрид, но не како играч.

Според El Nacional, претседателот на клубот „Флорентино Перес му дал гаранција на Роналдо дека нема да му недостига работа на Сантјаго Бернабеу“.

„Очигледно е дека не би се вратил таму како играч, тоа е круг кој се смета за затворен. На Роналдо ќе му биде понудена функцијата клупски амбасадор или некоја улога во организационата шема на клубот“, додаваат тие.