Роналдо корисен и надвор од теренот: Акциите на Јувентус „во облаци“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус е најуспешната зделка во италијанскиот фудбал во последните години, со докази тврдат италијанските медиуми.

Иако на 33 години, Португалецот се покажа сериозна инвестиција за тимот од Торино, чии акции запишаа неверојатен раст со 55%, а тоа е одлична вест за шампионот на Италија.

Продажбата на акции скокна од 19 милиони за јуни до 301 милиони во јули, а Јуве веќе ја помина границата од 1 милијарда евра и клубот чини 1,035 милијарди.