Home Шоубизнис Роналдо, друже, не си ја стегај душата за благо

Роналдо, друже, не си ја стегај душата за благо

Долготрајноста на физичката подготвеност, кондиција, сила, енергија и свежина на Роналдо делумно се препишува на неговата дисциплина во исхраната, факт кој е добро познат.

Тоа го потврдува и  резервниот голман на Манчестер Јунајтед, Ли Грант. Тој открива дека уште на самиот негов кам бек, ги импресионирал соиграчите во Манчестер Јунајтед со строгиот режим на исхрана кој го води и на 36 години.

Грант вели дека обично во петок, ниту еден играч не може да одолее на десертите кои се нудат, со исклучок на еден човек, а тоа е Кристијано Роналдо.

„За да ви биде појасно, кога во петок завршуваме со вечера, на менито имаме благи работи кои мамат. На пример колач со јаболко и крем или чоколадна торта. Само еден играч во тимот успева да не го допре десертот.

Еден од соиграчите еднаш ме праша, што има Кристијано во чинијата? Таа беше најчистата и најздравата чинија што може да ја замислите, со авокадо, киноа и варени јајца. Човекот е во неверојатна форма“, сведочи Грант.

Исхраната на Роналдо најчесто содржи свежо овошје, салати, јаткасти плодови, интегрални житарки, риба, јогурт, пилешко…

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …