Ројтерс: Европската Унија веќе не гарантира сигурно членство на балканските земји


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Повикувајќи се на изјава од четворица дипломати и еден интерен документ, Ројтерс пренесува дека Европската Унија веќе не може да ги даде истите гаранции за идното членство на шесте балкански држави на кои некогаш им беше ветено место во Унијата.

На ЕУ самитот за Балканот закажан за 6-ти октомври, ЕУ планираше повторно да ги истакне своите ветувања од пред 18 години дека дава „недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан“. Ова беше намерата според драфт декларацијата за самитот од 11 септември што ја објави Ројтерс.

Оваа декларација минала најмалку две рунди на преговори во ЕУ во кои не е постигната согласност околу истата.

Иако членките ги немаат искажано своите позиции, стравот на богатите држави од северот како Данска, Франција и Холандија е дека на Унијата со Балканот ќе и се повтори избрзаниот прием на Романија и Бугарија од 2007, и лошо менаџираната миграција на источноевропски работници во Британија, кои тие веруваат дека свртеле голем број Британци против ЕУ.

Ројтерс пишува дека згора на стравот на богатите од Балкан, Македонија има дополнителен проблем што Бугарија се против нашиот прием.