Ројс верен на Борусија: Останува „милионер“ до 2023


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Марко Ројс останува верен на Борусија Дортмунд и денес стави потпис на нов договор до 2023 година.

Актуелниот договор на 28-годишниот Ројс истекуваше во 2019 година и за него интерес покажуваа многу европски гиганти.

Меѓутоа Ројс реши да потпише нов договор и се обврза на верност кон „милионерите“ до 2023 година,

„Го носам дресот на Борусија од 2012 година. Среќен сум и горд да објавам дека ќе продолжам да го носам. Дортмунд е мојот дом, а мојот сон од дете беше да играм за овој клуб. Овој потпис е јасен знак за мојата иднина“, изјаво Ројс.