Home Шоубизнис Славни Роденденската фотка од Белата Куќа за Меланија Трамп предизвика потсмев во јавноста

Роденденската фотка од Белата Куќа за Меланија Трамп предизвика потсмев во јавноста

По повод 49. роденден на првата дама на САД, Меланија Трамп, сопругата на претседателот на САД на Твитер доби невообичаена честитка од Белата Куќа.

Од официјалната претседателска резиденција на САД го честитаа роденденот на Меланија Трамп со фотка која предизвика потсмев на социјалните мрежи.

Фотографијата е снимена за време на посетата на чешкиот претседател Андреј Бабиш на Белата куќа. Новинарите, кои се буквално натрупани еден врз друг, во дадениот момент, всушност, сакаат да го фотографираат Доналд Трамп, а не Меланија која е сама на фотографијата.

Корисниците на социјалните мрежи ја нападнаа Белата куќа за тажната фотографија, каде Меланија седи сама без никој да ја забележи. Други, пак ја исмеваа фотографијата со додавање ликови на софата, како Доналд Трамп, Владимир Путин и други ликови.

„Меланија изгледа како заточеник”, „Зошто не и честитале роденден со фотографија на која работи нешто?“, се само некои од стотиците коментари.

Load More Related Articles
Load More In Славни
Comments are closed.

Check Also

„Тешко ми е да играм со ‘овие’ две на мене“

Американската одбојкарка Кајла Симонс од почетокот на кариерата е во центарот на вниманиет…