Римац над 100.000 евра зијан заради коронавирусот – еве како „му отидоа парите во ветар“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Актуелната епидемија на коронавирусот ги принуди организаторите на познатиот автомобилски саем во Женева да го откажат овогодинешното издание на оваа планетарно популарна автомобилска ревија која беше закажана за периодот од 5 до 15 овој месец.

Финансиска штета од ова откажување претрпеа многу автомобилски производители, меѓу кои и познатиот хрватски технолошки иноватор и дизајнер, Мате Римац.

„До Женева возевме три автомобили, се убивме од работа, штандот е направен, платени се билети и сместување за 40 луѓе и имате стотина илјади евра трошоци што отидоа во ветар“, напишал Мате Римац, основач на Rimac Automobili, на Facebook, цитиран од Бизнис Инфо.

Од Palexpo, местото каде што се одржува настанот, исто така, посочија дека се преземаат сите мерки за вработените да ги минат неопходните проверки дека не покажале некакви знаци и симптоми од вирусот 14 дена при пристигнувањето во Швајцарија. Исто така, беше најавено дека организаторите соработуваат со здравствените власти во државата и внимателно се следи ситуацијата, а очигледно состојбата доведе до тоа настанот да биде одложен.