Спорт

Резултат за Гинис: Кошаркарски натпревар заврши 218:0!

Резултат за неверување е постигнат во женската кошаркарска кадетска лига на Хрватска, каде кадетките на ФСВ славеја над Кварнер 218:0.

Хрватските медиуми го пренесоа овој неверојатен резултат, со напомена дека за поразениот тим играле девојчиња без никакво искуство. Клубот ги ангажирал, бидејќи нема екипа во оваа категорија во А-2 лигата.

Хрватските медиуми во извештајот од натпреварот пишуваат дека девојчињата од Кварнер, во текот на целиот натпревар, само неколку пати успеале да минат на противничката половина.

Инаку, истиот ден, во Албанија, во машката Прва лига Тирана го победи Фљамуртари со 207:42.

Advertisements
To Top