Повеќе нема дилеми: Ибрахимовиќ има нов клуб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот играч на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ по само една сезона го напушта Олд Трафорд, но овој пат и европскиот фудбал.

Американската телевизија Фокс Спортс утринава објави дека веќе се е договорено со тимот на Лос Анџелес Галакси и Ибра ќе тргне по стапките на Дејвид Бекам и Стивен Џерард кои во минатото беа фудбалери на овој клуб.

„Потврдено и од Европа. Златан ќе игра во ЛА галакси“, објави Фокс на својот официјален профил, воедно постирајќи и слика од шведскиот ас во дресот на клубот од Лос Анџелес.

Оваа сезона, шведскиот напаѓач е убедливо најдобар играч и најдобар стрелец за Манчестер Јунајтед. Досега постигна 26 гола и се наоѓа во фантастична форма иако во октомври ќе наполни 36 години.