Готово: Санчез започна преговори со…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез започнал преговори со Пари Сент Жермен, пренесуваат англиските медиуми.

Францускиот клуб е силно заинтересиран за Санчез, кој одби да го продолжи договорот со Арсенал и готово сигурно на лето ќе го напушти „Емирати“.

„Топџиите“ се помирија со фактот дека нема да можат да го задржат Чилеанецот, па ова лето ќе биде последна шанса да заработат на неговото заминување со оглед на фактот дека договорот му истекува во 2018 година.

Медиумите пренесуваат дека Санчез веќе остварил средба со челните луѓе на ПСЖ, а следниот состанок е закажан за половината на април.

Тогаш би требало двете страни да ги договорат сите детали и ПСЖ да започне преговори со Арсенал, кој за неговата слобода ќе бара најмалку 50 милиони евра.