Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во писмениот исказ за судот се вели: „Алек Болдвин вежбал извлекување на револверот од футролата, по што го вперил пиштолот во камерата во текот на пробата на сетот на филмот „Rust“ кога од оружјето се пукало и куршумот ја погодил камерманката во градите“.
Таа изјава под заклетва дава дополнителни детали за случајното пукање кое во четвртокот се случи во Ново Мексико и кога беше убиена 42-годишната Халина Хачинс, а ранет режисерот Џоел Соуза, пренесува „Ројтерс“.
На Болдвин му бил даден сценски пиштол и му било кажано дека е наполнет, наведуваат властите на Санта Феа во судските документи.
„Џоел изјавил дека Алек седел на клупата на снимањето на сцената во импровизираната црква и дека вежбал накрсно извлекување на пиштолот. Џоел додал дека актерот гледал преку рамото на Хачинс кога чул звук на удар, а потоа и гласно пукање“, се наведува во изјавата.
Хачинс тогаш била погодена во пределот на градите, се наведува во документите.
„Џоел тогаш нејасно се сеќава дека Хачинс се жалела на стомакот и како се фатила за неговиот среден дел. Исто така Џоел изјавил дека Хачинс почнала да се тетерави наназад и потоа паднала на земја“, стои во изјавата.
Халина само рекла дека не ги чувствува нозете, изјавил Рид Расел, камерманот кој стоел покрај неа за време на пукањето.
Избезумениот Болдвин во саботата бил фотографиран пред хотелот во Санта Феа како се прегрнува и разговара со Мет Хачинс, сопругот на починатата и нивниот деветгодишен син.
Никој не е обвинет за фаталниот инцидент кој во четвртокот се случи во текот на пробата на ранчот во близина на Санта Феа, додека пак канцеларијата на шерифот ја продолжува истрагата.
Повеќето медиуми искажаа загриженост во врска со безбедноста на протоколите на снимањето на нискобуџетните филмови, додека пак самиот Рид изјавил дека снимателската екипа имала проблем со продукцијата, вклучувајќи го и нивното плаќање, како и сместувањето.
Рид изјавил дека и шест лица го напуштиле снимањето на филмот.
Серж, главниот електричар ангажиран на снимањето на филмот, во објава на Фејсбук навел дека ја држел Хачинс за рацете додека таа умирала, а за нејзината смрт ги обвинил „невниманието и непрофесионализмот“.