Ретро машина од 4 милиони долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Miura“ за најголем број од обожавателите на луксузниот спортски автомобилски бренд важи за најлегендарниот модел на „Lamborghini“, а следниот месец на аукција ќе се продава исклучителен примерок.

„Miura“ на фотографиите е еден од само 150 примероци на „P400 SV“ што ги произведе „Lamborghini“, не сметајќи ја ултра ограничената верзија на „P400 SV/J“ која служеше како ултимативна верзија на моделот.

„Lamborghini“ го претстави „Miura P400 SV“ во 1971 година, и иако овој модел делеше многу компоненти со „послабите“ модели, тој доби голем број подобрувања што го направија многу подобар.

Работата на брегаста осовина на 3,9-литарскиот атмосферски V12 мотор беше прилагодена и беа поставени „Weber“ карбуратори, благодарение на што моќноста беше зголемена за 15 КС, така што моторот испорачуваше 380 КС и 400 Nm вртежен момент.

Овој „Miura SV“ е еден од само 96 примероци со поделен картер, каде што менувачот имаше свој систем за подмачкување одвоен од моторот.

„Gooding & Company“ наведува дека ова е единствениот автомобил обоен во тахитско сино и има златни бандажи. Комбинацијата на бои изгледа одлично, а врвната реставрација ја направи италијанскиот специјалист „Cremonini Garrozzeria“.

Ова значи дека автомобилот изгледа исто толку добро како кога ја напуштил фабриката. Негова предност е и фактот што досега имал само тројца приватни сопственици, истакнува „Klix.ba“.

Автомобилот ја напушти фабриката на „Lamborghini“ на 12 мај 1972 година и е опремен со клима уред, што имаат само 29 примероци на „SV“. Внатрешноста е обложена со сјајна бела кожа.

Автомобилот е испорачан на првиот купувач во Италија, кој го чувал 38 години и поминал помалку од 80.000 километри.

Се проценува дека новиот сопственик ќе одвои меѓу 3,5 и 4,25 милиони евра.