Рекорд за во Гинис: Му ја одзедоа возачката дозвола 49 минути откако ја доби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


18-годишен Германец успеа да постави своевиден срамен рекорд во брзинско губење на возачката дозвола која му беше одземена само по 49 минути откако му била издаден.

Момчето се враќало од успешно положениот возачки испит, кога полицијата од градот Хемер го запрела поради пребрзо возење. Тој возел речиси двојно побргу од дозволеното , односно поминал покрај полицајците со ласерски радари со брзина од 95 километри од дозволените 50 километри на час.

Момчето се возело во автомобилот со уште четвроица пријатели , пред кои најверојатно сакал да се покаже.

Полицијата веднаш му ја одзела дозволата и најави дека ќе му ја врати откако тинејџерот ќе плати скапо за преполагање на возачкиот испит.

Освен тоа, ќе плати казна од 200 евра, а периодот во кој како млад возач може да вози сам од две , ќе му се пролонгира на четири години. Освен тоа, кога ќе извади нова возачка дозвола, во неа ќе му впишат и два негативни поена.