Home Шоубизнис Река од народ се собра во „Стејплс Центар“ да им оддаде почит на Коби, Џијана и другите загинати

Река од народ се собра во „Стејплс Центар“ да им оддаде почит на Коби, Џијана и другите загинати

Вчера, 24 февруари, во „Стејплс Центар“ арената во Лос Анџелес, се одржа простувањето од Коби Брајат, неговата ќерка Џијана и уште седуммината настрадани во падот на хеликоптерот на 26 јануари оваа година.

Во „Стејплс Центар“ не се одржала класична комеморација туку таканаречена „прослава на животот“.

Откако Бијонсе ја отвори церемонијата, свое обраќање имаше и сопругата на починатиот Брајант, Ванеса.

Таа се заблагодари за поддршката која нејзиното семејство ја добива од целиот свет и со емотивен говор се поздрави од Коби и нејзината ќерка Џијана.

„Ве сакаме и ни недостигате, Коби и Џиџи. Почивајте во мир, забавувајте се во рајот додека еден ден не се сретнеме. Ве сакаме и двајцата и засекогаш ќе ни недостасувате“, додаде таа.

Ванеса беше во брак со Коби цели 19 години.

Седумте други луѓе кои исто така ги изгубија животите во несреќата на 26 јануари се: кошаркарскиот тренер Џон Алтобели, неговата жена Кери и нивната ќерка Алиса, Пајтон Честер и неговата мајка Сара, Крисина Маусен и пилотот Ара Зобајан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Торбата е убава, но патиките на Милица Павловиќ се моден императив за сезоната – совршени и за преку ден и за навечер

Патиките на Милица Павловиќ се полн погодок Фото: Иван Вучиќевиќ Популарната пејачка Милиц…