Home Актуелно Сончев вторник со температури до 19 степени

Сончев вторник со температури до 19 степени

Последниот февруарски вторник во Македонија носи сончево и релативно топло време, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура од 12 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до 14 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 13 степени, Охрид 15, Битола 16, Крива Паланка 15, Берово 16, Кавадарци 17, Дојран 19.

И утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Под влијание на влажен бран утре кон крајот на денот и во четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Ќе дува засилен ветер во среда од југозападен, а во четврток од северозападен правец. Дневната температура значително ќе се намали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…