Хуаси – најбогатото и најмистериозно кинеско село


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селото Хуаси стекна планетарна слава благодарение на луксузот со кој се издвојува од останатите населени места во Кина.

За само 55 години Хуаси од рурално место се претворило во супер луксузно село. Но,јавноста тешко доаѓа до информации како жителите на Хуаси се збогатиле и како ги трошат своите средства, поради тоа што на сите жители им е забрането да зборуваат за тоа со медиумите. Селените дури и многу ретко комуницираат меѓу себе, дури им е забрането да го напуштат селото, ако го напуштат Хуаси остануваат без сè што стекнале и сè што имаат во селото.

На крајот на 50-тите години на минатиот век во Хуаси живееле само 600 жители. Развојот на селото го овозможил Ву Ренбау, поранешен секретар на Комунистичката партија, кој развил план за забогатување на жителите и основал повеќе од 12 компании, во кои се вработиле сите жители.

Инаку, селото Хуаси се наоѓа во провинцијата Јиангсу и е познато под името „Прво село под небото“. Денеска во него има околу 2.000 луѓе. Сите селани живеат во идентични вили изградени по пример на вилите во западните земји. Медиумите наведуваат и дека сите жители на своите банкарски сметки имаат по најмалку 250.000 долари.

Во селото се наоѓа и светски познатиот парк со реплики на сите славни градби во светот, како Кипот на слободата, Операта во Сиднеј, Кинескиот ѕид, како и нов облакодер висок 328 метри, со 60 ката. Во оваа зграда е сместен хотел со 826 соби, а во неговото приземје има кип од бик направен од чисто злато.