Реал веќе најде замена за Лука Модриќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид работи на доведување на играч кој во иднина треба да ја преземе улогата на Лука Модриќ во наредниет сезони.

На мета е младиот и талентиран играч за врска на Бетис, Дани Себелос чија вредност на трансфер пазарот моментално се проценува на 15 милиони евра.

Себелос има 20 години, веќе е стандарден првотимец на Бетис и постигна два гола во вториот дел од минатата сезона.

Планот на Реал е да го купи играчот веднаш и да го остави уште една година во Бетис каде ќе има голема минутажа и каде ќе може добро да се развива.

Младиот играч за врска неодоливо потсетува на Лука Модриќ, па „кралевите“ сметаат дека ќе биде одлична замена за Хрватот во наредните години.

Модриќ веќе влегува во зрели фудбалски години, па нема да биде изненадување ако оваа биде последна сезона за него на „Сантиаго Брнабеу“.