Реал се двоуми дали да го донесе Халанд ова лето – на фудбалерот не му се чека


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ќе се обиде да го убеди напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, да почека уште една година пред да биде привлечен на „Сантијаго Бернабеу“.

Не е тајна дека „кралевите“ имаат сериозен интерес за Норвежанецот, но клубот се двоуми дали да го купи ова лето. Една од причините е што речиси сигурно ќе ја доведат другата голема ѕвезда на европскиот фудбал, Килијан Мбапе.

Притоа на „Сантијаго Бернабеу“ сакаат да го задржат Карим Бензема барем уште една година, бидејќи Французинот игра во одлична форма.

„Јасно е дека Реал Мадрид сериозно размислува да го привлече Халанд. Сепак, ова може да доведе до хаос, особено ако Бензема остане во клубот. Во Мадрид можеби ќе се обидат да го убедат Норвежанецот да почека уште една година во Борусија, но тоа не го задоволува играчот, кој сака да премине во голем клуб. Не е среќен што не игра во Лигата на шампионите. Двете големи ѕвезди во моментов се Мбапе и Халанд, а Норвежанецот нема да игра во Лигата на шампионите оваа пролет“. изјави новинарот Едуардо Инда.