Home Спорт Реал руши трансфер рекорд за Садио Мане

Реал руши трансфер рекорд за Садио Мане

Реал Мадрид спрема големи засилувања во тимот ова лето, а шпанските медиуми откриваат дека главна мета на „кралевите“ ќе биде ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане.

Мане и оваа сезона е еден од најдобрите играчи во Европа и до сега постигна 18 голови и 12 асистенции на 38 меча, па Ливерпул тешко ќе се откаже од него.

Зидан смета дека Сенегалецот ќе биде идеално засилување за неговиот тим, кој оваа сезона има проблем со реализацијата.

Поради тоа Реал Мадрид е спремен да го сруши клупскиот трансфер рекорд и спремил понуда од 155 милиони евра, која „црвените“ тешко ќе можат да ја одбијат.

Мане во неколку наврати истакна дека одлично се чувствува во Ливерпул, но Реал Мадрид едноставно не може да се одбие.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…