Home Шоубизнис Роналдо покажа големина: Хотелите ги претвора во болници за лекување од коронавирусот

Роналдо покажа големина: Хотелите ги претвора во болници за лекување од коронавирусот

Кристиано Роналдо освен што е еден од најдобрите фудбалер во светот, многу пати ја покажа и својата хумана страна, а сега повторно покажа дека е голем човек кога светот се бори со пандемијата на коронавирусот.

Роналдо има ланец на хотели во неколку европски земји како што се Португалија, Франција, Шпанија, и одлучи сите свои хотели да ги претвори во болници во кои ќе се лекуваат заразените лица со коронавирусот.

За да биде уште похуман потегот, Роналдо решил сам да ги плаќа докторите и медицинскиот персонал, барем така тврди шпанска „Марка“.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата во моментов е во домашен карантин во родната Мадеира, откако неговиот соиграч Ругани беше позитивен на коронавирус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Халид Муслимовиќ го изолираше бендот на три дена: Последни проби пред јубилејниот концерт во Белград

Халид Муслимовиќ ги завршува подготовките за концертот на 12 ноември во Сината сала на Сав…