ДИК бара одложување на изборите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Државната изборна комисија испрати апел до политичките партии во Република Македонија да се договорат за одложување на предвремените парламентарни избори, коишто се закажани за 12. април.

Политичките лидери вчера се договорија активностите за предвремените парламентарни избори на 12 април да се стават во мирување до 22 март поради спречување на ширењето на коронавирусот во земјата и почитување на мерките што ги усвои Владата.

Членовите на ДИК на денешната седница, укажаа дека не станува збор само за денот на изборите, туку дека во овој процес се вклучени многу луѓе кои меѓусебно треба да комуницираат.

Само членови на избирачките одбори се 35.000 луѓе, а дополнителен е и бројот на членовите во ОИК, а во организација на изборите е вклучен и огромен број административно технички и логистички персонал. Треба да бидат заменети 3.200 лица од медицинскиот персонал кои што се членови на избирачките одбори и ОИК.