Реал нуди богатство за Дибала, Јуве го бара Модриќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако минатото лето остана без Пол Погба, Јувентус сега со сите сили се обидува да ја задржи другата млада ѕвезда, Пауло Дибала.

Дибала со своите фантастични партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсилен интерес покажуваат Реал Мадрид и Барселона.

Додека „Марка“ тврди дека Јувебтус ја одбил понудата на Барселона од 80 милиони евра, од Англија пристигнува информација дека Реал Мадрид спрема фантастична понуда за играчот на „старата дама“.

Имено, „кралевите“ се спремни да понудат 70 милиони евра плас Алваро Мората во замена за потписот на Дибала. Меѓутоа Јувентус бара во договорот да биде вклучен Лука Модриќ или Тони Крос.

Тешко е да се очекува дека Реал ќе го прифати ваквиот предлог на „бјанконерите“, но јасно е дека ќе стори се за да го добие потписот на Пауло Дибала.