Ќе се изненадите: Барса го одбра заменикот на Луис Енрике!

Англиските и шпанските медиуми тврдат дека прва желба на Барселона за наследник на Луис Енрике е тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Луис Енрике е под голем притисок, сеуште не сака да стави потпис на нов договор и најверојатно ќе го напушти „Камп Ноу“ на крајот на сезоната.

Раководството на Барселона веќе го бара неговиот наследник, а медиумите секој ден лецитираат со ново име. После името на Сампаоли и Роналд Куман, сега медиумите тврдат дека Каталонците го сакаат Јирген Клоп.

Имено, токму Германецот е прва и најголема желба на Барса, но тој има договор со Ливерпул до 2022 година.

Доколку не испее да го донесе Клоп, во тој случај Барса ќе се насочи кон Роналд Куман кој е поранешен играч на клубот, а моментално го води Евертон.